
Џејдон Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи и постигна гол во финалето на Конференциската лига во победата над Бетис од Севилја.
Крилниот напаѓач одигра вкупно 41 натпревар за Челзи минатата сезона, но тоа не беше доволно за да биде откупен неговиот договор.
Лондонските „сини“ му платија на Манчестер Јунајтед казна од осум милиони евра затоа што не сакаа да го откупат договорот на Англичанецот.
Рубен Аморим не го сака и не му дава шанса да тренира со првиот тим, а Санчо моментално тренира сам во Карингтон.
Маркус Рашфорд замина во Барселона, а како што стојат работите, Алехандро Гарначо ќе ја продолжи кариерата во Челзи.
Иако не е дел од плановите на шефот на стручниот штаб, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Борусија од Дортмунд не сака толку лесно да си замине од „Олд Трафорд“.
Тој пристигна во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во 2023 година за над 80 мил. евра и заработува околу 300 илјади евра неделно.
Според новинарот Греам Бејли, Јувентус и Борусија Дортмунд се два клуба кои би биле многу среќни да го видат во својот тим.
„Џејдон Санчо им стави до знаење на челниците на Манчестер Јунајтед дека ќе замине само под условите што ги поставил. Тој одби намалување на платата за да потпише за Челзи и Наполи, а истото може да се случи и со Јувентус“, тврди Бејли.
Санчо наводно е подготвен да седи на трибините и да не игра до јануари, или дури и подолго, додека не замине под условите што ги сака.