Без оглед на националната и верската припадност, Али секому му помага. Овој пат, тој раскажа за весникот ВЕЧЕР дека заедно со хуманите луѓе, по повод празникот Рамазан бајрам, сака да обезбеди 200 пакети со прехранбени продукти и со хигиенски средства, кои ќе ги достави преку „Екологистик сервис“ и во другите градови. Освен тоа, на децата ќе им биде донирана стара облека што може да се носи и што некому му зазема место во плакарите. Тој наведе дека во донирањето на пакетите се вклучиле многу православни граѓани, со цел да им помогнат на оние на кои им е најпотребно тоа, што му претставува особено задоволство. Во пресрет на еден од  поголемите православни празници, Велигден, кој годинава е на 12 април, Февзи планира да подели 300 табли од по 30 јајца на социјално загрозени семејства

Познатиот хуманитарец и бербер во Аеродром, Али Февзи, преку својата организација „Биди Али“, организира нова хуманитарна акција во пресрет на верските празници Рамазан и Велигден.

Без оглед на националната и верската припадност, Али секому му помага. Овој пат тој раскажа за весникот ВЕЧЕР дека заедно со хуманите луѓе, по повод празникот Рамазан бајрам, сака да обезбеди 200 пакети со прехранбени продукти и со хигиенски средства, кои ќе ги доставува преку „Екологистик сервис“ и во другите градови.

– Во пакетите има основни прехранбени продукти: шеќер, брашно, зејтин, јајца, млеко… и друго, но и хигиенски средства. Веќе се поделени 60 такви пакети – вели Февзи.

Тој наведе дека во донирањето на пакетите се вклучиле многу православни граѓани, со цел да им помогнат на оние на кои им е најпотребно тоа, што му претставува особено задоволство.

Освен тоа, на децата ќе им биде донирана стара облека што може да се носи и што некому му зазема место во плакарите.

– Сакаме децата да имаат нешто ново да облечат за празникот, како и сите – нагласи Февзи.

Оваа акција ќе трае до 19 март, бидејќи наредниот ден е празникот Рамазан бајрам.

Што се однесува до хуманитарната акција, во пресрет на еден од  поголемите православни празници, Велигден, кој годинава е на 12 април, Февзи информира дека планира да подели 300 табли од по 30 јајца на социјално загрозени семејства.

– Јајцата ќе бидат донирани само во Скопје, бидејќи при транспорт во подалечни градови, постои опасност да се скршат. Оваа година е планирано да бидат поделени 300 табли од по 30 јајца, за разлика од минатата година, кога беа поделени 250. На ваков начин, сакаме да помогнеме и да им овозможиме на луѓето да ја почувствуваат топлината на празниците – заклучи Февзи.

(А. П.)     

 

 

ИЗДВОЕНИ