Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во осминафиналето на најквалитетното клупско натпреварување – Лигата на шампионите, привлекува најголемо внимание меѓу љубителите на фудбалот. Вака посака ждрепката која се одржа во Нион, која донесе неколку спектакуларни двојки, но секако најзвучна е онаа меѓу „Кралевите“ и „Граѓаните“.
Плејофот за Лигата на шампионите ни донесе големо возбудување и неколку огромни изненадувања, а најголемата сензација ја направи Бодо/Глимт, кои го елиминираа минатогодишниот финалист Интер. Во осминафинелто, тимот од Норвешка ќе ги одмери силите против Спортинг Лисабон.
Аталанта е единствениот италијански тим кој се пласираше во осминафиналето, бидејќи Јувентус исто така беше елиминиран откако беше поразен од Галатасарај. Тимот од Бергамо за противник во наредната фаза го има големиот фаворит Баерн од Минхен, па се освен елиминација би било еднакво на изненадување. Од друга страна турскиот гигант Галатасарај за противник го доби Ливерпул.
Од преостанатите двојки, доста возбудливо се очекува да биде на дуелот меѓу ПСЖ и Челзи, како и на Атлетико Мадрид и Тотенхем.
Шпанскиот гигант Барселона, која важи за еден од фаворитите за титулата во ова натпреварување, во 1/8 го доби Њукасл, а во четвртфиналето би ги одмерила силите против Атлетико Мадрид или Тотенхем.
Арсенал, кој влегува како благ фаворити во осминафиналниот дуел со Баер Леверкузен, има можеби најлесен пат до полуфиналето. Ако го минат германскиот шампиот, „Топџиите“ во четвртфиналето ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Спортинг и Бодо/Глимт.
🚨🏆 BREAKING: Champions League full draw and… road to Budapest. ✨ pic.twitter.com/ah9jxZIdmF
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 27, 2026
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 10 и 11 март, а реваншите се закажани за 17 и 18 март.











