По Словачка, Канада и Финска, хокеарите на САД го пополнија последното место во полуфиналето на олимпискиот турнир во Милано. Во последниот натпревар од четвртфиналето, американските хокеари ги победија Швеѓаните со 2:1 по продолжение.
Американците поведоа во вториот период од натпреварот за водство од 1:0 и тој резултат остана на семафорот речиси до крајот на играта. Шведска го повлече голманот од голот во финишот за да има повеќе играчи во обид да постигне гол во продолжението и успеаја во тоа 90 секунди пред крајот. Сепак, во продолжението, во игра три на три, САД постигнаа гол за победа од 2:1.
Претходно, Словачка се квалификуваше во полуфиналето, откако ја елиминира Германија. Канада мораше да игра продолжение против Чешка, како и Финска против Швајцарија.
Борбата за почести започнува денеска, а полуфиналните двојки се Канада – Финска и САД – Словачка.












