Се чини дека Де Брујн, конечно, одлучи. Белгиецот, чиј договор не беше продолжен од Сити, ќе го одигра својот последен натпревар за „граѓаните“ против Фулам, овој викенд, а потоа ќе го напушти „Етихад“ по десет години.
Следната станица му е Неапол. Имено, италијанските медиуми тврдат дека сè е договорено и дека дури и обидите на Јувентус да го расипе планот нема да се остварат.
„Неаполитанците“ му понудија на Белгиецот тригодишен договор, во првите две ќе добива по 10 милиони евра нето, третата можна година би значела помали приходи.