Поранешниот тешкаш во УФЦ, Џаирзињо Розенструк, е уапсен на Флорида по инцидент со сопругата. Локалните медиуми известуваат дека борачот е обвинет за семејно насилство и незаконско лишување од слобода, што во американското право често се смета за киднапирање во поширока смисла, иако во овој случај, според описот на инцидентот, станува збор за спречување лице слободно да се движи.
Според информациите добиени од локалните медиуми на Флорида, Розенструк и неговата сопруга, која е мајка на нивните две деца, претходно биле во гаража, а потоа влегле во автомобил, каде што избувнала расправија.
Во полицискиот извештај се наведува дека во текот на расправијата се случил физички контакт, при што сопругата наводно го испуштила телефонот и паднала на подот од возилото.
Клучниот дел од извештајот се однесува на тврдењата дека таа се обидела да го напушти автомобилот, но, според тврдењата, Розенструк ја врзал и ја спречил да излезе.











