Британскиот принц Хари официјално побара повторна проценка на неговите безбедносни мерки за посета на Велика Британија, по извештаите дека „познат прогонувач“ му се приближил „блиску“ во два одделни наврати за време на неговата последна посета на Велика Британија, објави денес „Индепендент“.
Извор близок до војводата од Сасекс потврди дека принцот Хари ѝ пишал на британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд кратко по нејзиното назначување и дека поднел формално барање за проценка на ризикот до Извршниот комитет за кралска и јавна безбедност (RAVEC), кој работи во рамките на Министерството за внатрешни работи.
Според „Телеграф“, „познат прогонувач“ ја нарушил „безбедната зона“ во хотел во центарот на Лондон каде што престојувал принцот Хари на 9 септември, а нешто слично се случило и за време на неговата посета на Центарот за проучување на повреди од експлозија на запад од британската престолнина.
Претходната жалба на Хари против отфрлањето на неговото барање од Високиот суд во врска со нивото на заштита финансирана од даночните обврзници што ја добива во земјата беше одбиена во мај. Изворот објасни дека писмото до министерката Махмуд било испратено пред да се случат двата безбедносни инциденти во септември.