Турскиот инфлуенсер Еркан Тој, познат како Еркан Аби (Брат Еркан) на социјалните мрежи со повеќе од милион следбеници, предизвика вистински скандал во авионот.
Имено, тој сподели видео на своите мрежи на кое се гледа како пали цигара во патнички авион за време на лет.
По објавувањето на видеото, авиокомпанијата AJet го стави на „црната листа“ и му забрани да лета со оваа авиокомпанија, пишува „Хаберлер“.
Според прописите за цивилно воздухопловство во Турција, патниците кои користат тутун или слични производи во авион подлежат на административна казна од 24.681 турски лири (околу 500 евра).











