Необичен кулинарски експеримент ги подели љубителите на храна на социјалните мрежи и предизвика жестока дебата.
Сè започна откако ресторанот од Олдам, „Burger Eats“, претстави нов специјалитет – пилешки бургер со необична состојка, прв од ваков вид во овој англиски град.
На нивната страница на „Инстаграм“ е прикажан процесот на подготовка на крцкаво пилешко кое е премачкано со зачини, а потоа се служи во вкусно лепче.
Сепак, на многумина им пречеше фактот дека најважната состојка е всушност млечно чоколадо!
„Првиот чоколаден бургер во Олдам. Пржено пилешко со чоколадо и топчиња од Фереро Роше. Кој е доволно храбар?“, напишаа тие.
@burgereatsmcr Oldham’s FIRST Chocolate Burger! Crispy fried chicken fillet dunked in silky milk chocolate, topped with Ferrero Rochers & finished with a drizzle of white chocolate. Who’s brave enough? #chocolate #burger #oldham #FoodTok #friedchicken
Судејќи според коментарите, многу корисници не се чувствуваа доволно храбри да ја пробаат оваа комбинација, објавува британски „Телеграф“.
„Кои денови сте затворени“, праша едно лице на шега, а друго додаде: „Кога ова повеќе нема да биде достапно“.
Сепак, не сите коментари беа негативни.
Поединци признаа дека „необичното совпаѓање“ ги заинтригирало.
„Можеби ова е првиот чоколаден бургер што всушност би го пробал“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Боже мој, изгледа вкусно“.
Дали чоколадото на пилешко е кулинарски неуспех или потенцијален хит? Одлуката е на оние кои се доволно храбри да го пробаат.