Пожарот во облакодерот „Вјесник“ во Загреб сè уште не е изгаснат, бидејќи противпожарната служба забрани влез во зградата од безбедносни причини, изјави утрово командантот на Јавната противпожарна служба на градот Загреб, Синиша Јембрих.
Во изјава за Хина, тој рече дека пожарникарите сега се минимално присутни таму, помагајќи ѝ на противпожарната служба, а зградата се следи од дрон.
Пожарникарите, рече тој, го напуштиле облоакодерот „Вјесник“ синоќа по наредба на безбедносната служба на противпожарната служба, и дека во тој момент им било кажано дека ќе чекаат до утрото зградата да се олади за да можат да продолжат со гаснењето на пожарот, додека некои ја поминале целата ноќ на терен следејќи ја ситуацијата.
Во близина на „Вјесник“ е воведен посебен сообраќаен режим, при што некои улици се затворени.
Граѓаните се повикани да користат јавен превоз или велосипеди, а оние кои сè уште мора да возат се предупредени да користат апликации за навигација кои ќе им помогнат да ја пронајдат најдобрата рута.
Зградата на „Вјесник“ беше практично уништена во пожар што избувна еден час пред полноќ помеѓу понеделник и вторник. Причината за пожарот не е утврдена, а се очекува експертите наскоро да донесат одлука за иднината на еден од симболите на Загреб од периодот на југословенското новинарство.
Во пожарот немаше жртви или повредени. Зградата е во мнозинска сопственост на државата.












