Под целосна контрола е големиот пожар што избувна во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, информира доцна вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Како што истакна Ангелов во „Винчини“ опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), а сите имале сончеви панели на покривот.
„Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Огромен пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, го гаснат пожарникари од повеќе градови/ВИДЕО