Пожарот во „Макпрогрес“ е изгаснат, повредени се неколку пожарникари

77
скриншоп видео Tv Star - Телевизија Стар

Неколку пожарникари сте здобиле со повреди при гаснењето на пожарот што избубна вчера во фабриката „Макпрогрес“ во Виница позната по кондиторскиот бренд „Винчини“. Пожарот е ставен под контола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во гаснењето на пожарот учествуваа екипи од девет града.

„Опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот. Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес“, наведува Ангелов.

Тој наведува дека неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

„При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса“, рече Ангелов.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчера вечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката.

ИЗДВОЕНИ