Голем пожар претпладнево изби во бараки во скопската населба Карпош 4, а во моментов огнот се става под контрола, соопшти првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што рече Ангелов, засега нема информации за повредени или настрадани лица. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. На помош во гаснење на пожарот бил вклучен и „ер-трактор“ кој фрлил големо количество вода врз огнот.
– Пожарот на опожарените бараки (т.н. лепенки) во Влае се става под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица – изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Очевидци велат дека пожарот избувнал ненадејно и брзо се проширил. Жителите на населбата вознемирено ја следат ситуацијата од околните згради.
Голем пожар во Карпош 4, се запали објект кај Стара телевизија/ФОТО