Пожарот во депонијата „Дрисла“ е под контрола, активни пожари има во Кочани и во Тетово

27
Фото:принтскрин, Државен инспекторат за животна средина, фб

До 18:00 часот на територијата на цела држава има два активни пожари, во месноста викана Царев Врв во Кочани и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, кај ресторан „Ули“ во Тетово.

Под контрола е ставен пожарот во депонијата „Дрисла“, на територија на општина Студеничани, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Седумте пожари кои се веќе изгаснати беа лоцирани на различни места низ земјата. Во Шуто Оризари, на улицата Хаџи Јован Шишко, избувна пожар на депонија, додека во Крушево се регистрираа два пожари – еден во село Локвени со сува трева и отпад и друг на градската депонија. Во Ново Село, селото Мокриево гореше сува трева и капини, додека во Велес, во селото Раштани, исто така се појави пожар на сува трева. Во Куманово, селото Колиќко зафати пожар на ѓубре, додека во Липково, селото Лојане, пламна стрниште.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни при одење на отворено и да ги следат упатствата на противпожарните служби, особено во области каде се активни пожари или каде терените се суви и лесно запалливи.

ИЗДВОЕНИ