петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите

75

Пожарот над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора е ставен под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Досега не е зафатен ниту еден објект и нема опасност по објектите.

Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, а се делуваше и од воздух со два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.

Пожарот изби попладнево, а чадот се гледаше од поголем дел од Скопје.

ИЗДВОЕНИ