Пожарот кај Валандово се шири кон Богданци и Дојран

40

Голем пожар ја зафати околината на Валандово, кој првично вчера беше ставен под контрола, но од утрово повторно се разгорил.

Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово, за Мета.мк вели дека засега вели дека градот не е во ризик, но неизвесно е што ќе се случува.

„Пожарот е настанат од вчера после пладне, беше под опасност населено место Грчиште, но благодарение на нашите противпожарни екипи, се нормализираше. Утрово беше во ред, но поради ветерот кој повторно се појави, пожарот пак е активен.“

„Гори нискостеблеста шума на непристапен терен, зафаќа голема површина, се движи кон Дојран, Богданци, во моментов од терен информациите се такви. Високоризичен пожар е, градот Валандово засега не е под ризик, но не се знае. Вчера се гасеше со полнење вода од Вардар, а денес исто така побаравме воздушна поддршка. Сите институции се алармирани“, вели Костадинов.

ИЗДВОЕНИ