недела, август 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожарот кај Палиград се приближува до куќите: Пожарникарите остануваат цела ноќ, утрово...

Пожарот кај Палиград се приближува до куќите: Пожарникарите остануваат цела ноќ, утрово ќе се гасне и од воздух

1
Фото: ЦУК

Пожарот во реонот на селото Палиград, во Општина Зелениково, се приближува кон населеното место, поради што противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, вечерва е на терен заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интензивно работат на локализирање и ставање под контрола на пожарот.

Екипите во текот на ноќта континуирано ќе ја следат состојбата и ќе бидат подготвени веднаш да интервенираат доколку огнот се доближи до домовите.

Според најавите на директорот на ЦУК, утре во раните утрински часови ќе биде спроведена и воздушна интервенција. Воздушните сили треба да помогнат во гаснењето и целосното ставање на пожарот под контрола.

Надлежните уверуваат дека се преземаат сите потребни мерки за заштита на жителите и имотите во Палиград, а противпожарните екипи ќе останат на терен сè до стабилизирање на состојбата.

ИЗДВОЕНИ