Пожарот кај Лозаново закана за домовите, побарана итна интервенција на институциите. Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци.
– Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за апелирам за помош од сите соседни општини, за државна помош вклучувајќи ја целокупната државна механизација што е на располагање, затоа што верувајте во опасност се наоѓа директно населено место Лозаново и домовите на самите на самите луѓе. Апелирам како што кажав на смиреност и на вклученост на сите граѓани, на сите оние коишто можат да дојдат тука, на лице место да помогнат во спречување на ширењето на огнената стихија – порача Митовски.