Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно е реактивиран – државните служби и локалното население помагаат во гаснењето

25
Фото:принтскрин, видео ЦУК

Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно се реактивираше, а на терен се распоредени противпожарните екипи, државните служби и локалното население кое помага во гаснењето на огнената стихија.

Во краткото видео, што од ЦУК го испратија до медиумите, може да се види дека на теренот има интензивен оган од кој се издигнуваат високи пламени јазици и голем облак од чад.

На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите мерки за пожарот да биде ставен под контрола.

Според последните информации, се работи интензивно за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.

ИЗДВОЕНИ