Пожарот кај Блаце е најверојатно подметнат, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов вели дека изутрината пожарникарите на местото каде што настанал пожарот пронашле дрвени палети за кои треба да се утврди дали били прелиени со бензин и фрлени во смреки.
Според Ангелов некој намерно повторно сакал да потпали на истото место кое сеуште е под контрола на ППС.
Од ДЗС ги отфрлаат информациите дека манастир и викендици биле зафатени од огнената стихија кај Чучер бидејќи се реагирало на време со противпожарната служба, хеликоптерите и локалното население.