Пожарникари од Куманово на обука во Австрија

43

Тројца претставници од ТППЕ Куманово и двајца волонтери од селото Пчиња во изминатите пет дена престојуваа во Серфаус и Оберхофен во покраината Тирол, Австрија.

Од Општина Куманово информираат дека целта на посетата била детална обука за функционирање на возилата.

– На обуката, тие се запознаа и со противпожарниот систем на Австрија, стекнувајќи се со ново знаење од големо значење за зајакнување на капацитетите и функционирањето на ТППЕ Куманово – појаснуваат од Општината.

Општина Куманово ќе добие две противпожарни возила, од кои едното ќе се користи за потребите на ТППЕ Куманово, а другото ќе го користи доброволното противпожарно друштво.

 

ИЗДВОЕНИ