Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на автопатот А3 во Хрватска. Дошло до превртување на автобус откако налетал на автомобил кој стоел на автопатот. На местото на несреќата починале две лица и 31 лице е повредено, вкупно 33 лица. Три лица се во животно загрозувачка состојба. Повредените биле згрижени од Брзата помош со вкупно девет тимови од кои шест тимови се од Сисачко-московската и три тима од Загребската жупанија.