Пожари и во Бугарија – во гаснењето помагаат авиони и хеликоптери од други земји од ЕУ

7

Бугарија очекува во текот на попладнето да пристигнат два авиони и четири хеликоптери од други земји-членки на Европската унија кои ќе помогнат во гаснењето на шумските пожари на нејзината територија, изјави денеска шефот на бугарската Генерална дирекција за противпожарна безбедност и цивилна заштиа Александар Џартов.

Џартов рече дека хеликоптери ќе дојдат од Чешка, Словачка, Унгарија и Франција, додека два авиони пристигнуваат од Шведска, и дека првенствено ќе се користат за гаснење на шумскиот пожар во општината Струмјани, на југозападот на Бугарија, пренесува ДПА.

„Најголемиот пожар во моментот е во близина на Илинденција, оштина Струмјани. Вчера пожарот неконтролирано се ширеше и моравме да ги евакуираме екипите на терен“, рече Џартов.

Тој рече дека друг пожар избил во селата околу градот Трно, кој е 15 кикометри оддалечен од границата со Србија, и дека продолжува да се шири во шумските подрачја. „Трет голем пожар кој и понатаму е предизвик, е во близина на селото Лесово. Уште не е под контрола и премина на границата со Турција“, рече Џартов.

Тој додаде дека во моментот нема извештај за повредени, но дека во пожарите е нанесена значајна материјална штета, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ