Пожар во станбена зграда во Стразбур: Едно лице загина, а осум лица се повредени – деца скокаа од прозорец

26
Фото:википедија

Пожар избувна во станбена зграда во Стразбур во саботата, при што загина 50-годишен маж со попреченост, а осум лица беа повредени и хоспитализирани со релативно сериозни повреди, објавија денес француските медиуми, пренесува „Танјуг“.

Пламените се проширија од приземјето до врвот на зградата, објави BFM TV, повикувајќи се на извори од противпожарната служба, чии членови се бореа со пожарот до доцна навечер.

Други жители успеаја да избегаат со итно напуштање на зградата.

„Некои деца скокнаа од прозорецот, а една жена беше заробена на покривот“, изјави за новинарите Надија Зурги, заменик-градоначалничка на Стразбур за јавен ред.

Вкупно 59 пожарникари со 30 возила беа распоредени на местото на настанот, на околу три километри од катедралата во Стразбур.

ИЗДВОЕНИ