Стотици луѓе беа евакуирани во вторник вечерта откако пожар зафати хотел со пет ѕвезди во познатиот скијачки центар Куршевел во француските Алпи.
Пожарот избувна околу 19:00 часот на таванот на хотелот „Дез Грандес Алпи“, објави префектурата на регионот Савоја. Според официјалните информации, нема повредени во инцидентот.
#SAVOIE.
Incendie en cours dans un hôtel de #Courchevel. Pompiers, secours et #FDO fortement mobilisés, une centaine d’évacuations.
Soutien aux secours et prudence dans le secteur.
(Radio Courchevel) pic.twitter.com/IGM8WBNkJb— Officiers et Commissaires de police (@PoliceSCSI) January 28, 2026
Првично, речиси стотина луѓе беа евакуирани, но локалните медиуми подоцна објавија дека бројот на евакуирани се искачил на околу 270 лица откако пожарот се проширил на блиската зграда. Гостите на хотелот и персоналот се привремено сместени во други хотели во скијачкиот центар, соопштија локалните власти.
„Евакуацијата се одвиваше мирно и засега нема извештаи за повредени“, според официјалното соопштение, пишува Ројтерс.
Пожарот повторно ги отвори прашањата за безбедносните мерки во планинските туристички дестинации, особено по новогодишната трагедија во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, каде што 40 лица загинаа, а повеќе од 100 беа повредени, вклучувајќи голем број тинејџери, во пожар во бар.












