Пожар на балкон во Сплит – пожарникарите повикаа на претпазливост со пирхотехниката

45
Фото: принтскрин, ЈПС

Денес на балкон на станбена зграда во населбата Кила во Сплит избувна пожар, а по интервенцијата, пожарникарите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни со пиротехниката, пренесе „Индекс“.

На местото на настанот беше испратено противпожарно возило со тројца пожарникари. Благодарение на нивната брза интервенција, пожарот беше изгаснат и беше спречено неговото ширење кон остатокот од станот и зградата.

Јавната противпожарна служба ја искористи оваа можност уште еднаш да апелира до граѓаните. „Бидете внимателни со пиротехниката“, рекоа тие.

ИЗДВОЕНИ