Пожар кај Шибеник

40

Малку пред 13 часот, избувна пожар во близина на Шибеник, Хрватска, а пожарот се заканува на индустриската зона, во близина на градот.

Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економската зона Поди.

Два канадери и четири ер трактори, се борат со огнената стихија, а на терен се 69 пожарникари со 25 возила кои го гаснат пожарот. Полицијата ја објави причината за пожарот.

„Полициските службеници, преку преземените мерки и дејствија, како и врз основа на собраните информации, утврдија дека пожарот се случил за време на градежни работи со употреба на механизација“, објави полицијата.

Пожарот избувна во непосредна близина на депонијата Бикарац и се премести преку ридот кон економската зона Поди. Патот до индустриската зона е затворен, државниот пат D58 е исто така затворен, а целиот сообраќај се пренасочува кон околните патишта.

Сепак, од другата страна на ридот има густа борова шума, а индустриската зона Поди е во близина, па пожарникарите вложуваат максимални напори за да спречат пожарот да влезе во економската зона, пишува Index.

ИЗДВОЕНИ