Пожар кај граничниот премин Блаце, го гаснат три хеликоптери

71

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума. Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на лице место. На лице место се и припадници на полицијата.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.

Градоначалникот на Општина Чучер Сандево пријави пожар на бројот за итни повици 112 над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна. Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што екипите на БППЗ не се во можност да интервенираат од копно.

Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов овој пожар избил непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило “амарок” на ДЗС, дејствуваат како подршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови.

 

ИЗДВОЕНИ