Пожар избувна кај грчкиот град Коропи, во близина на Волос

102

Пожарот кај грчкиот град Коропи во близина на Волос, кој избувна во шумска област, го гаснат 36 пожарникари со 14 возила, соопшти денес противпожарната служба на градот, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението објавено од „Катимерини“ се наведува дека во гаснењето на пожарот учествуваат и два хеликоптери, како и дека локалните власти обезбедуваат помош со обезбедување цистерни за вода.

Се прецизира дека пожарот избувнал во земјоделско-шумска област на споредниот пат Атики Одос во Коропи, кој се наоѓа на 16 километри од Атина.

ИЗДВОЕНИ