Пожар изби попладнево во скопско Злокуќани.
Според информациите, пожарот избил на плац со стари возила.
Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, вели дека пожарот е веќе изгаснат и екипите се враќаат во централата.
На терен интервенирале четири противпожарни возила, како и 10 пожарникари.