Попладнево пожар избувнал во центарот на Кочани на улилица Браќа Ставрови.
-Се работи за урбан пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседна куќа (лепенка). Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување, велат од ЦУК.
Во моментот има 4 екипи на ТППЕ Кочани, ДПД Кочани со 1 екипа. На лице место се екипи на МВР и екипи на Итна медицинска помош.
-Не е побарана дополнителна помош од Главен Штаб, велат од ЦУК.