Повторно се стресе тлото кај Санторини, жителите во страв поради пеколот од февруари годинава

128

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Аморгос рано утрово, оживувајќи ги сеќавањата на интензивната сеизмичка активност што го потресе регионот во февруари оваа година.

Грчките медиуми објавија дека земјотресот бил на длабочина од 10,8 километри, а епицентарот се наоѓал 14 километри југозападно од Аркесини на Аморгос, според Атинскиот институт за геодинамика.

Земјотресот, кој бил почувствуван и на Аморгос и на блискиот Санторини, е поврзан со истата раседна линија одговорна за серија земјотреси во февруари.

ИЗДВОЕНИ