Повторно проблеми со Боинг: Се запали моторот при полетување/ВИДЕО

369
screenshot youtube L.A FLIGHTS

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако еден од неговите мотори се запали при полетувањето.

На интернет се појави и видео на кое се гледа авион „Боинг 767-400“ како излегува оган од левиот мотор за време на полетувањето. Авионот, кој летал за Атланта, потоа направил круг и безбедно слетал на пистата.

„Летот 446 на Делта се врати на аеродромот кратко по полетувањето по индикација за проблем со левиот мотор на авионот“, изјави портпарол на авиокомпанијата за Би-Би-Си.

Јутјуб каналот LA Flights го снимил целиот инцидент, објави Би-Би-Си.

Пред еден месец, Боинг 787 се урна во Индија по полетувањето, а компанијата продолжува да се бори со јавната перцепција откако два нови авиони Боинг 737 се урнаа пред неколку години, а минатата година, врата од истиот тип авиони падна за време на летот поради лоша фабричка инсталација.

ИЗДВОЕНИ