Португалската полиција ги затвори земјените патишта и постави шатори во близина на поранешната адреса на Кристијан Брикнер, главниот осомничен за исчезнувањето на тригодишната Мадлен Мекан, додека започнува нова потрага по докази во повеќегодишниот случај.
Португалските и германските власти започнаа нова потрага во врска со исчезнувањето на Медлин Мекен, која исчезна во Португалија пред речиси две децении. Полицијата на Јудицијарија, која спроведува истрага во Португалија од 2007 година, соопшти дека потрагата е започната на барање на германските власти, кои моментално го држат Брикнер во притвор.
Мекен која во тоа време имала три години, исчезнала на 3 мај 2007 година од станбен комплекс во Праја да Луж во југоисточна Португалија, за време на семеен одмор.
Нејзиното исчезнување предизвика широка полициска истрага низ цела Европа и се смета за еден од најпознатите нерешени случаи на исчезнати лица во светот, јавува Би-Би-Си.
Пребарувањето ќе се одвива помеѓу градот Праја да Луз, каде што Медлин исчезна на 3 мај 2007 година, и куќа во близина на одморалиштето каде што претходно живееше Брикнер. Потрагата е планирана да почне помеѓу 2 и 6 јуни. Истражителите ќе пребараат најмалку 21 парцела приватно земјиште околу дотраената куќа на периферијата на Праја да Луз, каде што Брикнер живеел пред 2007 година. Ќе бидат пребарани бунари, урнатини и резервоари за вода, пренесе Дејли меил.
„Ќе биде само пребарување на земјиште. Главната цел е да се пронајдат какви било траги од телото на малата Медлин“, изјави португалски извор близок до истрагата.