среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Повторно гори депонијата во скопско Визбегово

Повторно гори депонијата во скопско Визбегово

159

Денеска повторно гори дивата депонија во Визбегово, во близина на индустриската зона. Ова е втор сериозен пожар на истата локација за помалку од две недели. Големиот црн чад е видлив од речиси сите населби од северниот и од западниот дел на градот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот избувнал на крајот од улицата „Брсјачка буна“, во зоната што гореше и на 9 јули.

Во прашање е дел од истата депонија. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје веќе е на лице место и интервенира. Во моментов нема опасност за блиските објекти, но димот е густ, црн и се шири брзо со помош на ветерот – велат од ЦУК.

Состојбата предизвика паника кај жителите на Визбегово, како и на дел од Чаир, Бутел и од Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ