четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жена паднала од автобус, па возачот ѝ ја прегазил ногата

Жена паднала од автобус, па возачот ѝ ја прегазил ногата

47

Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена во несреќа што се случила во средата напладне, на улицата „Св. Кирил и Методиј“, во центарот на Скопје. Како што информираа од полицијата, жената паднала при излегување од автобус „мерцедес“, по што возилото ѝ ја прегазило ногата. Автобусот го управувал 56-годишен скопјанец.

– Вчера, околу 12:40 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В. А. (56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А. Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила А. Б., констатирани во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија вчера од МВР.

ИЗДВОЕНИ