среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Повреден 18-годишник, кон него било пукано од велосипед во движење

Повреден 18-годишник, кон него било пукано од велосипед во движење

120

МВР информира дека рано утринава во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул. „Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото.

Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот

ИЗДВОЕНИ