Пред крајот на 2025 година, Ивица Челиковиќ го објави својот нов роман со наслов „Повратник со две лица“, во издание на издавачката куќа „Паблишер“.

Челиковиќ е препознатлив по своето богато творештво, автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи. Како докажан автор, има добиено повеќе значајни награди и признанија како „Млада Струга“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“, „Караманов 2023“, „Златно перо“. Освен како автор, за македонската книжевна сцена е значаен и како преведувач од шведската литература, со четириесетина преведени дела на македонски јазик. Тој е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на шведските писатели.

„Повратник со две лица“ е седмо прозно дело од Челиковиќ. Сосредоточено е на темите што често се провлекуваат во неговото писмо: отуѓеноста, прашањето за сопствениот идентитет, растргнатоста меѓу себе и другите, она што сме и она што сакаме да бидеме. Сижето го следи главниот лик Нестор, кој е патник меѓу два света, морнар што плови меѓу бреговите на вистината и заблудата, љубовта и недостигот, по пат што води кон најтешкото враќање – во самиот себе.

Оваа книга е уште една умешно исткаена приказна од Челиковиќ за сеќавањето, за помирувањето со загубата, за проштавањето, за вечната потреба да се најде светлина во темнината.

 

ИЗДВОЕНИ