Најголемиот автомобилски сојуз, германскиот АДАК ги повика граѓаните да ги наполнат резервоарите на своите автомобили, затоа што се уверени дека цената на горивата повторно ќе порасне по ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел. Во петокот, бензинот и дизелот во Германија поскапеа по 2 центи по литар, а од АДАК веруваат дека нема да се застане затоа што нафтените компании веројатно брзо ќе ги пренесат повисоките цени на суровата нафта на возачите.
Цената на барел сурова нафта од типот „Брент“ скокна од околу 69 долари на околу 75 долари во споредба со четвртокот. Оттаму со препорака до возачите „наполнете гориво на време – идеално е навечер, бидејќи тогаш горивото е најевтино“.
Моментално, во просек, литар бензин на бензинските пумпи во Германија чини околу 1,65 евра, а дизелот 1,54, што е малку повеќе отколку пред нападот на Израел врз Иран.