Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер го погоди денес брегот на Камчатка, на далечниот исток на Русија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ. Првично беше пријавен земјотресот како 6,2.
Според GFZ, друг земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди источниот брег на Камчатка на длабочина од 10 км, кратко по претходниот земјотрес.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) го процени вториот земјотрес со магнитуда од 7,4.
По серија од околу десетина силни земјотреси со епицентар во Тихиот Океан, за неколку населени места на Камчатка е прогласена закана од цунами, соопшти денес регионалниот штаб на руското Министерство за вонредни ситуации.
„Максималната висина на брановите се предвидува во селото Николское. Таму се очекуваат бранови високи до 29 сантиметри. Во Уст-Камчатск е можно зголемување до 19 сантиметри“, соопшти прес-службата.