Повеќе патишта не значи помал сообраќаен метеж

20

Според групата скопски велосипедисти „На точак“, бројни студии покажале оти секое зголемување на капацитетот на улиците доведува до пропорционално зголемување на обемот на сообраќај, со што се губат и минималните почетни придобивки. Велат дека решението не се улици што водат кон центарот, туку развој на алтернативна, одржлива инфраструктура

 

Во пресрет на локалните избори, групата скопски велосипедисти  „На точак“ им упати порака на кандидатите за градоначалници, потсетувајќи ги дека проширувањето на патиштата не е решение за сообраќајниот метеж.

Оттаму, велат дека  напротив, повеќе патишта значат само повеќе сообраќај – феномен кој во урбанистичката теорија е познат како „предизвикана побарувачка“.

Според групата скопски велосипедисти „На точак“, бројни студии покажале оти секое зголемување на капацитетот на улиците доведува до пропорционално зголемување на обемот на сообраќај, со што се губат и минималните почетни придобивки. Велат дека решението не се улици што водат кон центарот, туку развој на алтернативна, одржлива инфраструктура.

Вистинската насока за нив е инвестиција во јавен превоз со специјализирани ленти, како и подобрување на пешачката и велосипедската мрежа.

– Јавниот превоз има капацитет да пренесе многу повеќе луѓе со далеку помал простор и со ресурси од автомобилскиот сообраќај, при што значајно се намалува загадувањето и се подобрува квалитетот на животот – нагласуваат од „На точак“.

 

ИЗДВОЕНИ