Повеќе од половината од возрасните во Црна Гора посегнуваат по алкохол, барем повремено, додека секој трет жител се изјаснува како пушач. Кога ќе ги споредиме овие навики со европскиот просек, станува јасно дека сè уште сме на врвот во однос на консумирањето алкохол и тутун, објавува „РТЦГ“.
Ако ги прашате повеќето луѓе – само една цигара, само еден пијалак. Но, токму овие „само“ моменти најчесто се претвораат во навика што дури и не ја забележуваме.
Психологот Радмила Ступар, вели дека никогаш не станува збор за една цигара и еден пијалак.
„Само е прашање дали ќе најдеме други стратегии за справување со личните демони“, рече таа.
Додека некои доаѓаат на пијалок и разговор, други доаѓаат да се релаксираат – затоа угостителите се најдобри во тоа да видат што и колку се консумира.
Навиките што изгледаат безопасни стануваат дел од секојдневниот живот – а здравјето секогаш плаќа највисока цена.












