Повеќе од 500 луѓе убиени во Иран, 10.000 уапсени: „Не дозволувајте младите да им се придружат на терористите кои сечат глави и убиваат“

231
screenshot video X

Повеќе од 500 луѓе се убиени во немирите во Иран, соопштија групите за човекови права во неделата, додека Техеран се закани дека ќе ги нападне американските бази доколку претседателот Доналд Трамп изврши напади и интервенира на страната на демонстрантите.

Додека Исламската Република се соочува со најголемите протести од 2022 година, Трамп ја повтори својата закана дека ќе интервенира доколку се употреби сила против демонстрантите. Американската група за човекови права соопшти дека 490 демонстранти и 48 безбедносни сили се потврдени за мртви, додека повеќе од 10.600 луѓе се уапсени.

Протестите започнаа на 28 декември како одговор на зголемувањето на цените, пред да се свртат против свештеничките лидери кои владеат со земјата од Исламската револуција во 1979 година.

Властите ги обвинуваат САД и Израел за поттикнување на немирите. Шефот на иранската полиција Ахмад Реза Радан рече дека безбедносните сили ги засилија напорите за справување со „демонстрантите“.

Протокот на информации од Иран е прекинат со блокада на интернетot од четврток. Снимките објавени на социјалните медиуми во саботата од Техеран покажаа големи толпи како маршираат по улица ноќе, аплаудирајќи и скандирајќи.

Државната телевизија во неделата прикажа десетици вреќи со тела во мртовечница во Техеран, велејќи дека мртвите се жртви на настани предизвикани од вооружени терористи.

Израелски извори, кои беа присутни на израелските безбедносни консултации во текот на викендот, рекоа дека Израел е во состојба на висока готовност поради можноста за интервенција на САД.

Израелски воен претставник рече дека протестите се внатрешно иранско прашање, но дека израелската војска ги следи случувањата и е подготвена да одговори „со сила доколку е потребно“.

Протестите во Иран доаѓаат во време кога Трамп покажува американскa сила на светската сцена, по заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и покренувањето на можноста за купување или заземање на Гренланд.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телевизиско интервју изјави дека Израел и САД имаат докторати по дестабилизација и дека непријателите на Иран донеле „терористи кои палеле џамии, напаѓале банки и јавни добра“.

„Семејства, ве молам не дозволувајте вашите млади да се приклучат на протестите и на терористите кои обезглавуваат и убиваат“, рече тој, додавајќи дека владата е подготвена да го слушне народот за да ги реши економските проблеми.

Во телефонски разговор во саботата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот државен секретар Марко Рубио разговараа за можноста за интервенција на САД во Иран, според израелски извор кој бил присутен на разговорот.

Реза Пахлави, протераниот син на последниот шах на Иран и истакнат глас на фрагментираната опозиција, рече дека Трамп ја набљудува „неописливата храброст“ на Иранците. „Не ги напуштајте улиците“, рече Пахлави, кој живее во САД.

Нетанјаху, зборувајќи за време на состанокот на кабинетот, рече дека Израел внимателно ги следи случувањата. „Сите се надеваме дека персиската нација наскоро ќе биде ослободена од јаремот на тиранијата“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ