
Повеќе од 49.000 луѓе се уапсени во Украина поради обид за бегство од земјата со нелегално преминување на границата од почетокот на воената состојба воведена во 2022 година поради руската инвазија, соопшти денес граничната служба.
На Украинците на возраст од 18 до 60 години им е забрането патување во странство, а оние кои сакаат да избегнат мобилизација ја преминуваат границата нелегално, понекогаш ризикувајќи го својот живот.
Гранската служба уапси 45.000 такви бегалци од 24 февруари 2022 година, изјави нејзиниот портпарол Андриј Демченко за АФП.
Тој рече дека 4.000 луѓе се уапсени поради обид за напуштање на земјата преку легални премини со лажни документи.
Повеќето Украинци кои се обидуваат нелегално да избегаат минуваат низ планините и шумите на западниот Закарпатски регион, каде што се наоѓа порозната граница со Романија и Унгарија. Областа долго време е коридор за шверц.
Во јануари, украинската полиција објави дека спровела повеќе од 600 претреси за апсење на организатори кои им помогнале на стотици луѓе нелегално да ја преминат границата.
Системот за воена мобилизација исполнет со скандали беше критикуван во Украина и широко оспоруван како неефикасен, корумпиран и неправеден, што го наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги отпушти сите регионални службеници за мобилизација во 2023 година.