Спасувачките екипи продолжуваат да бараат повеќе од 170 лица кои се водат како исчезнати по катастрофалните поплави во американската држава Тексас, а бројот на жртви се искачи на најмалку 110, соопштија локалните власти.
„Најмалку 110 лица се потврдени како мртви, а повеќе од 170 се водат како исчезнати“, изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот, за време на прес-конференцијата во вторник попладне по локално време, објави Си-Би-Ес.
Спасувачките операции се во тек веќе петти ден за да се пронајдат сите кои се водат како исчезнати по катастрофалната бура што го погоди Тексас за време на викендот и предизвика брзо покачување на нивото на реката Гвадалупе до речиси рекордни нивоа.