Повеќе од 100.000 хектари земјиште се претворија во пепел во последните 24 часа поради пожарите што избувнаа низ цела Грција, објавува „Катимерини“.
Пожарите избувнаа на островите Хиос и Закинтос, како и во градовите Превеза, на северозапад од земјата, и Ката Ахаја, на запад од земјата.
Според анализата на сателитските податоци од европскиот механизам Коперникус ЕМС, спроведена од грчкиот Метео, до вчера во 12:40 часот, на Хиос изгореле приближно 42.466 хектари, на Закинтос 22.941 хектари, на Превеза 26.368 хектари и на Долна Ахаја 9.220 хектари.
Грција и другите медитерански земји се меѓу таканаречените „жаришта на шумски пожари“ поради високите температури и сушните летни периоди, предупредуваат научниците.