Повеќе од 10.000 хотели низ Европа се приклучија на заедничка тужба против платформата за онлајн резервации Booking.com, тврдејќи дека компанијата со години ја ограничувала можноста на хотелиерите да нудат пониски цени за своите услуги на други продажни канали, вклучително и на сопствените веб-страници.
Според тужителите, таквата практика е во спротивност со прописите на Европската Унија.
Групната тужба ја поднесе европското здружение на хотелската индустрија Hotrek, објави NL Times.