Повеќе од 1.000 британски лекари ги повикаа британските пратеници да гласаат против законот за асистирана смрт, објавија денес британските медиуми.
Поддржувачите на законот велат дека законот ќе им овозможи на терминално болните пациенти во Англија и Велс со животен век од шест месеци или помалку да го завршат својот живот „под свои услови“, објави Скај њуз.
Повеќе од 1.000 лекари ги повикаа пратениците да гласаат против законот за асистирана смрт, нарекувајќи го „вистинска закана и за пациентите и за медицинскиот персонал“.