Донекаде шокантни и изненадувачки вести доаѓаат од Франција, а за нив известуваат водечките европски медиуми. Една од најталентираните скијачки на денешницата, Џун Бренд, одлучи да ја заврши кариерата на само 20 години!
Бренд беше дел од француската јуниорска репрезентација на Светското првенство, а фактот што таа ја освои и титулата шампион на Франција во велеслалом зборува многу за нејзиниот талент.
Џуд важеше за голема иднина на светското скијање и се сметаше за девојката што може да го врати француското женско скијање на врвот на Светсиот куп.
Одлуката да ја заврши кариерата на 20-годишна возраст остави многумина без зборови, а реши и самата да се проговори за оваа ненадејна одлука.
- Беше фантастично патување со прекрасни средби со многу различни луѓе – страствени, повеќе или помалку човечни и повеќе или помалку отворени, а сите овие средби ме научија многу. Отсекогаш многу ми се допаѓаше чувството на велеслаломските вртења на скиите и навистина ќе ми недостига тоа. Повеќе не сум подготвена да ја трпам жртвата, енергијата и времето што би биле потребни за да се имам навистина одлична кариера. Можев да се променам за да се подобрам, но скијањето не ми е главен приоритет во животот, заклучи оваа млада Французинка.
Како што претходно изјави за француските медиуми, таа има желба еден ден да биде успешна докторка. Очигледно, сега се фокусира на факултет и образование, а скијањето го остави во втор план.
Светот на скијањето изгуби голем бисер, а особено Франција, која со години имаше проблем да лансира млада ѕвезда во светот на скијањето, особено во женска конкуренција.