
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон доби деветто дете. Неговата сопруга Кери Симонс на свет донесе девојче, како што потврди самата на социјалните мрежи, пренесува британски „Мирор“. Двојката има три деца (два сина и ќерка). Негова прва сопруга беше Марина Вилер и со неа има четири деца: ќерките Лара и Касија, синовите Мајло и Теодор.
Со втората сопруга Хелен Мекинтаер, тој ја има ќерката Стефани. И со третата сопруга Кери Симонс, поранешниот премиер ги има синовите Вилфред и Френк и ќерките Роми и Попи.
Од европските политичари само поранешниот претседател на собранието на Словачка, Борис Колар (основач на партијата „Ние сме семејство“) има повеќе – дури 17.
Борис Џонсон долго одбиваше да потврди колку деца има, што поттикна шпекулации и критики во медиумите. Дури во 2021 година јавно го потврди бројот на деца (тогаш седум), што беше невообичаено за политичар од таков профил.